Си беше еднаш едно семејство со четири мали зајачиња, се викаа—
Флопси,
Мопси,
Памукче,
и Петар.
![]() |
Си живееја со нивната мајка, Госпоѓата Зајчица, во дупката под коренот на една голема елка. |
![]() |
Едно утро мајката им рече: „Мили мои може да одите во полето или по уличката, но никако не одете во градината на Господинот Мек Грегор. Таму му се случи голема несреќа на татко ви и тој веќе не е со нас.“' |
![]() |
„Јас ќе излезам сега, а вие може да трачате наоколу, но пазете да не се најдете во невоља,“ им рече мајката. |
![]() |
Госпоѓата Зајчица ги зеде кошничката и чадорот, и тргна низ шумата да оди да купи леб. Кога стигна во пекарата, купи една векна кафеав леб и пет слатки кифлички. |
![]() |
Флопси, Мопси и Памукче, беа послушни мали зајчиња. Откако мајка им излезе,тие излегоа на уличката да собираат капини.: |
![]() |
Но, Петар, беше многу неумен, одма истрча да оди во градината на Господинот Мек Грегор и се протна под вратата на градината! |
![]() |
Прво јадеше марули и боранија, а потоа јадеше репки. |
![]() |
По некое време отиде да јаде магдонос, иако стомакот веќе почна да го боли од прејадување. |
![]() |
И така, околу леата со краставици, погодете кој се појави? Се разбира, Господинот Мек Грегор! |
![]() |
Господинот Мек Грегор беше клекнат на колена, садеше зелки, но веднаш скокна и се затрча да го фати Петар, викајќи по него „Фатете го крадецот!“ |
![]() |
Петар се преплаши, трчаше избезумено низ целата градина затоа што го заборави патот до излезот од градината. Трчајќи, Петар го изгуби едниот чевел меѓу зелките, а другиот чевел остна меѓу компирите. |
![]() |
Откако ги изгуби чевлите, почна да трча на сите четири нозе и беше многу побрз и мислам дека ќе успееше да избега, ако копчињата од неговото палто не се заглавеа на мрежата каде беа гуските. Тој ден Петар носеше сино палтенце, со метални копчиња. Беше многу убаво, ново палтенце. |
![]() |
Петар седеше заглавен и мислеше дека е готово со него. Почна да плаче и неговиот глас го слушнаа пријателските врапчиња, кои долетаа кај него и возбудено го молеа да се ослободи од мрежата. |
![]() |
Господинот Мек Грегор се појави со тенџере во рацете, со кое планираше да го поклопи Петар и да го фати. Којзнае каква ќе беше судбината на Петар? Но, навреме му текна како да се ослободи. Петар го соблече палтенцето и го остави да виси закачено на мрежата. |
![]() |
Почна да бега, влезе во колибата за алати и скокна во една канта. Тоа ќе беше одлично место да се скрие, ако кантата не беше полна со вода. |
![]() |
Господинот Мек Грегор беше сигурен дека Петар се крие некаде во колипката за алати. Помисли дека се крие под некоја саксија за цвеќе и почна внимателно да ги проверува саксиите. S Наеднаш Петар кивна - „Апчиии!“ И Господинот Мек Грегор одма тргна кон него. |
![]() |
Проба да го згазне со стапалото, ама Петар успеа да избега низ прозорот. Отиде кај прозорот ама неможеше да се протне низ него. Веќе беше уморен од трчање наоколу и реши да престане да го брка брка Петар. И ете така, Господинот Мек Грегор се врати назад да продолжи со својата работа во градината. |
![]() |
Петар седна да одмори и да земе здив. Целиот се тресеше од страв и немаше идеја на која страна да оди. Исто така, целиот беше мокар од кантата во која се криеше. После некое време помисли дека подобро е да не трча брзо наоколу, туку да се движи чекор по чекор и да внимава каде оди. |
![]() |
Виде една врата, ама беше заклучена, под вратата имаше мал процеп но небеше доволно голем за да може едно мало зајче да се протне. На камениот праг од вратата, Петар здогледа едно мало глувче и го праша како може да излезе низ вратата. Ама глувчето беше многу зафатено и неможеше да зборува, бидејќи носеше големо зрно грав во устата. Глувчето само брзо му одмавна со главата. Петар почна да плаче. |
![]() |
Потоа се обиде да најде некаков излез од градината, но уште повеќе се збуниваше. По некое време, стигна до една баричка од каде Господинот Мек Грегор полнеше вода. Таму имаше една бела мачка, која зјапаше во едно златно рипче. Петар помисли дека е најдобро да не зборува со мачката, затоа што се сети што му кажуваше за мачките неговиот роднина, Бенџамин Зајчето. |
![]() |
Петар тргна да се враќа во куќичката за алати. Oддеднаш, слушна шум кој доаѓаше од многу блиску: "кррррц, крц, крц..." Се скри во грмушките. Но откако ништо не се случи, излезе, се качи на количката и ѕиркаше од таму. Првата работа што ја здогледа беше Господинот Мек Грегор, кој собираше кромид. Му беше свртен со грб на Петар, а после него беше излезот од градинта! Конечно, Петар го најде излезот од градината! |
![]() |
Петар се симна од количката и почна да трча кон излезот низ една леа со црни рибизли. Трчаше многу брзо, колку што го држеа нозете. Господинот Мек Грегор го здогледа на аголот, но на Петар не му беше гајле. Се протна под врата и конечно излезе од градината. Повторно беше слободен во шумата. |
![]() |
Господинот Мек Грегор зеде едно старо палто и го обеси на страшилото, за да ги плаши птиците. Петар не престануваше да трча, нити да гледа позади него. Трчаше доедка не стигна до неговата куќичка под големата елка. |
![]() |
Кога влезе дома беше толку многу уморен што се струполи на подот и ги затвори очите. Мајкаму правеше јадење и се зачуди кога го виде дека нема алишта. Ова беше вторпат Петар да ги изгуби палтото и кондурите. Истото му се случи пред две недели. |
![]() |
Жал ми е да ви кажам дека на Петар не му беше добро таа ноќ. Мајкаму го однесе во кревет и му даде да се напие чај од камилица. „Пред легнување се пие една голема лажица чај.“ |
![]() |
Но Флопси, Мопси и Памукче имаа леб, млеко и боровинки за вечера. |