製複許不録登権作著

Издадено од Т.Хасегава, 17 Ками Негиши, Токио, Јапонија.


МОМОТАРО

Или

Детенцето од праската

 

 

Многу одамна си живееа старец и старица. Еден ден старецот отиде во планина да набере дрва, а старицата отиде кај реката да ги испере алиштата. Додека переше се појави едно големо суштество, целиот се тресеше и одеднаш се струполи долу крај потокот. Кога го виде старицата проба да му помогне, зема една трска од бамбус и проба да го извлече.

Кога го извади од потокот, виде дека тоа е една голема праска. Старицата брзо заврши со перењето и тргна дома. Ја зема праската за да му ја даде на нејзиниот старец да ја јаде.

Кога стигна дома, ја пресече праската и од нејзината семка излезе детенце. Кога го видоа детенцето, двајцата старци се прерадуваа и го нарекоа Момотаро или детенцето од праската. Двајцата старци убаво се грижеа за детенцето, кое порасна во големо и многу иновативно момче. И така, старецот и старицата ги зголемуваа очекувањата од детето и сакаа да му овозможат добро образование.

 

Кога порасна Момотаро свати дека е посилен од сите околу него и реши да оди на островот на лошите демони, да го украде нивното богатство и да се врати назад дома. Еден ден им кажа на старецот и старицата за неговиот план и им рече да му направат кнедли. Го спакува јадењето, се подготви за пат и замина.

 

Одејќи по патот сретна едно куче кое го праша: „Момотаро! Што носиш со тебе?“. Тој му одвори: „Носам највкусни јапонски кнедли.“ „Дај ми една и ќе дојдам со тебе,“ рече кучето. И така Момотаро зема една кнедла и му ја даде на кучето. Тогаш се појави еден мајмун и исто така зеде една кнедла. Долета и еден фазан и му рече: „Дај ми и на мене една кнедла и ќе дојдам со тебе.“ И така сите тројца тргнаа со него. За кратко време стигнаа на островот на демоните и веднаш влегоа низ предната порта. Момоторо влезе прв, а потоа влегоа неговите тројца следбници. Таму ги пресретнаа дворјаните на демонот кои беа подготвени за борба, но се повлекоа и одејќи на крајот го сретнаа поглаварот на демоните, наречен Акандоџи. Тогаш почна борбата. Акандоџи го нападна Момотаро со железен боздоган, ама Момотаро беше подготвен и вешто го избегна. На крајот двајцата се грабнаа да се борат и Момотаро без проблем го ничкоса Акандоџи долу на земјата и го врза со јаже, толку силно што неможеше да мрдне. Го победи во фер борба.

 

 

После борбата Акандоџи поглаварот на демоните рече дека ќе го предаде целото негово богатство. „Ајде, тогаш дај го твоето богатство,“ рече Момотаро, смееќи се. И така Момотаро собра големо богатство и тргна да се врати дома. Беше радосен дека со помошта на неговите следбеници успеа да ја постигне неговата цел.

 

Старецот и старицата се прерадуваа кога видоа дека Момотаро се врати назад. Направи голема гозба за сите, раскажуваше многу приказни за неговите авантури, го покажа целото богатство што го освои и стана лидер, човек со многу влијание, богатсво и почит, човек на кој навистина навистина треба да му се честита!