[1]

ВОЗБУДЛИВ НОВОГОДИШЕН ДЕН ВО ЏУНГЛОГРАД

[2]


[3]

ВОЗБУДЛИВ НОВОГОДИШЕН ДЕН ВО ЏУНГЛОГРАД

Од
Беула Мери Крокер
22 Јануари, 1910

ПЕЧАТ НА КОМПАНИЈА РАН и ХАРМОН
MINNEAPOLIS

[4]

Авторски права, на Вилијам Г Крокер, 1910


[5]

ВОЗБУДЛИВ НОВОГОДИШЕН ДЕН ВО ЏУНГЛОГРАД

Денес е први јануари! Убаво, светло утро во Џунгоград. На голема раост на жителите на Џунглоград, денес ќе се оддржат многу спортски натпревари на Мајмускиот Рид. Ќе има трки во трчање, во скијање, натрпавари во спуштање по тободан и натрепавари со фрлање на снежни топки. Треба да ги има скоро сите зимски спортиви, освен лизгањето. Кралот Лав не го сакаше лизгањето и заоа нареди никогаш да немаше лизгање на зимските натпревари.

[6]

Сите животни се радуваат и едвај чекаат да почнат натпреварите. Сите се зафатени и вредно работат, за се да биде добро подговрено за натпреварите. Од големата мечка, до малата верверичка, сите со радост помагаат.

Прво, мора да се исчисти простор за гледачите, после тоа треба да на се направи еден голем, убав тобоган за лизгање, потоа да се обележат патеките за трчање. Секое семејтво си има посебна задача и работа, некои треба да направат храна за животните кои работат на спортските терени.

[7]

На крајот, конечно, се е подготвено. Кога дојде денот за натпреварите, многу животни почнаа да се собираат уште од рано наутро. Некои дури си донесоа и храна. Доаѓаат животни не само од Џунглоград, туку и нивни роднини од многу далечни земји.

[8]

И, кога дојде времето за почеток на натпреварите, Ридот е преполн со жирафи, мечки, волци, лисици, мајмуни, опосуми, кукавици, верверички и многу други животни. Тука е и кралот Лав, со неговите роднини лавови, тигрите и леопардите.

И така почна веселбата, колку убаво попладне! Сите убаво се забавуваат. Прво почна трката во скиање меѓу мечките и верверичките. Трката е многу интересна и возбудлива. Верверичките се многу помали од мечките и многу полесно управуваат со скиите. Тоа им помогна на верверичките да пбедат во трката.

[9]

Почнува весел, убав ден.

[10]

Потоа, на ред дојде возбудлива трка со трчање на снег, помеѓу слоновите и жирафите. На крајот победија жирафите. Кога заврши трката, почнаа борбите на снег, а после нив на ред беа трките на тобоганот. Трките со спуштање на тобоганот секогаш носат најмногу возбуда на натпреварите, ама истовремено тие се и причина за тешка несреќа.

[11]

Сите работи одеа добро, се до последната тура на животни што требаше да се спушти по тобоганот. Мајмуни, посуми, верверички почнаа да се спуштаат по тобоганот. Наеднаш, се слушна силно шкрипење! Тобоганот почна да се откачува! Џек Посумот се заврте и ја виде кутрата верверичка како лежи на земјата обесвестена. Кутрото пријателче, додека се спушташе се измрда од тобоганот, изгуби рамнотеша и се преврте.

[12]

Д-рот Лав нареди да ја однесат Верверичката до најблиската куќа

[13]

Одма по несреќата, трката запре. Се собра голема гужва околу верверичката. Некои помисилија дека е мртва. Се појави Госсподионт Томас Лавот, роднина на Кралот Лав и многу ценет доктор во Џунглоград. Отиде кај Верверичката, виде дека е само зашеметена од падот и дека едната нога и е скршена, ама дека се друго е во ред. Д-р Лав нареди одма да ја однесаат до најблиската куќа, која по некаква случајност беше куќата на двете мечки. Таму докторот и ја намести скршената нога на верверичката и после некое време таа се освести.

[14]

Откаако ја сместија верверичката во куќта, одма почна потрагата по неговата мајка и неговиот таатко. Ги прашаа сите верверики што беа дојдени на натпреварите, ама никој немаше врска со нејзе. По неколку дена верверичката им кажа на двете стари мечки дека е сираче, и дошла од мног многу далеку за да ги гледа натпреварите.

Двете мечки беа многу добри и многу им стана жал за малата верверичка. Кутртата мала душичка, нема дом нема никого- си рекоа мечките и решија да си ја присвојат верверичката да им стане нивно дете. И навистина така направија. Еден ден кога ногата на верверичката убаво оздраве, тројцата отидоа во судот на Џунглоград и мечките ја посвоија верверичката.

[15]

Мечките ја посвоија Верверичката

[16]

Од тој ден, Верверичката Томи си најде удобен дом и многу убаво си живееше со двете стари мечки. Сите беа благодарни за несреќата на тобоганот на спортските натпревари, бидејќи така се сретнаа.